|

Сашо Мијалков излегува од притвор, прифатена гаранцијата од 11 милиони евра

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков излегува од притвор. Апелацискиот суд во Скопје ја прифатил гаранцијата од 11 106 501 евро, објави „360 степени“.

Неговата жалба била уважена и решението за притвор е преиначено со прифаќање на гаранцијата. Апелациските судии му определиле мерки на претпазливост односно одземање на пасошот и обврска да се јавува во судот.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави