СДСМ: Анти-ЕУ Мицкоски може веднаш да си даде оставка

/

„Христијан Мицкоски да не чека, може веднаш да си даде оставка и да ја напушти политиката, откако му пропаднаа сите обиди да ја закочи и да ја дестабилизира државата.

Мицкоски, кој самиот се прогласи за анти ЕУ политичар, уште еднаш потврди дека референдумот кој го најавува, а за кој не ја знае ниту формата, ниту прашањето му е само за внатрепартиска и лична употреба.

Барањата за референдум, против македонскиот јазик на Мицкоски уследија откако му потонаа сите обиди да ја закочи државата, да ја блокира европската иднина, со крвавите сценарија за дестабилизација и предизвикување етнички конфликт.

Мицкоски работи на штета на државните и националните интереси, не може да се помири што почнавме преговори со ЕУ, со заштитен македонски јазик во Унијата и заштитени идентитетски, културни и јазични посебности на македонскиот народ“ , се вели во реакцијата на СДСМ на изнесените ставови од Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.





Претходна статија

На „Табановце“ и „Пелинце“ се чека околу еден час, на „Богородица“ околу 30 минути

Следна статија

Претседателот Бегај утре во дводневна посета на Косово

Најново од Вести