| |

СДСМ: НАЈВАЖНО Е ШТО ИМ СЕ ПОМАГА НА ГРАЃАНИТЕ, ВМРО-ДПМНЕ 11 ГОДИНИ НЕ ДОНЕСЕ ЗАКОН ЗА ОТПИС НА КАМАТА

Предлог Законот за отпишување на камата за наплата на долгови, ќе им помогне на граѓаните и ќе обезбеди повеќе пари во семејните буџети и добро е што за овој закон е изнајден консензус. Најважни се граѓаните, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.

Останува фактот дека ВМРО-ДПМНЕ 11 години ниту предложи ниту изгласа ваков закон за да им помогне на граѓаните. За жал ниту во поднесувањето на сегашниот Закон не е потпишан пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Поддршката и потписот од коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ е за поздравување.

Очекуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на дело да ја покажат оваа декларативна поддршка за Законот за отпис на каматите со гласање во Собранието на Република Македонија. Тоа е во интерес на сите граѓани, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.

Слични Објави