СДСМ: НИКОГАШ ПРЕТХОДНО НЕМАЛО АКЦИЈА ПРОТИВ АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО,СЕГА ИНСТИТУЦИИТЕ РАБОТАТ НА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ

Вести Истакнато Македонија

Проблемот со аерозагадувањето 11 години беше игнориран од ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто ја интересираа само криминали и лични богатења. Зголемувањето на загадувањето на воздухот во тие 11 години а се рефлектира и денеска, е резултат токму на такво криминално однесување на ВМРО-ДПМНЕ којашто не водеше никаква грижа за здравјето на граѓаните и уништуваше се што е зелено, паркови, дрвја, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.

За разлика од таквиот игнорантски однос кон здравјето на граѓаните, денес, како никогаш претходно се презема здружена и коорднирана акција против загадувањето.

Со силен порив се обновува запуштеното и се подигнува ново зеленило. Само во Скопје во последните шест месеци подигнати се нови и обновени се зелени површини од над 50.000 квадратни метри, а започната е и сериозна акција за пошумување на 50.000 висококвалитетни садници околу РЕК Битола.

Во сите општини во државата постојано се расчистуваат диви депонии, се чистат коритата на реките и каналите од кал, ѓубре и цврст отпад. Само на Тероторија на Град Скопје годинава се расчистени над 350 диви депонии.

Започната е акција за замена на нееколошките енергенси за затоплување на училиштата, се поставуваат и енергетски ефикасни фасади на неколку средни училишта.

Се набавуваат нови еколошки автобуси, инвестиција вредна 12 милиони евра.

Се субвенционираат трошиците за набавка на печки на пелети што треба да ги заменат старите нее колошки начини на греење. Владата значително ги зголеми средствата за поддршка на оваа мерка, од 14 на 21 милион денари.

Заслиен е инспекцискиот надзор, се лоцирааат и санкционираат загадувачите на животна средина.

Уште серија на други мерки се преземаат во една здружена активност на повеќе институции во борбата против загадениот воздух.

Свесни сме дека претстои уште многу работа, дека проблемот нема преку ноќ да се реши, но сериозно и посветено се работи за намалување на загаденоста на воздухот, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.