ВО ЦРНА ГОРА ОД КОРОНАВИРУС ЗАРАЗЕНИ ДЕСЕТИНА ПРОЦЕНТИ ОД НАСЕЛЕНИЕТО

Црна Гора до крајот на јануари може да достигне 10 проценти од населението да биде заразено од коронавирус ако го задржи дневниот просек од 500 новоинфицирани лица од почетокот на годината.

loading...

Со 463 нови позитивни случаи забележани во четвртокот, Црна Гора регистрирала вкупно 51.160 случаи на инфекција со Ковид-19 од почетокот на годината, а нешто помалку од 10.000 случаи во моментот се активни.

Со 1.497 активни пациенти на 100.000 жители, Црна Гора е водечка земја во регионот според овој параметар, следена од Словенија со 1.082 и БиХ со 852 случаја на 100.000, пренесува црногорската МИНА.


loading...

Црногорскиот институт за јавно здравје регистрира седум нови смртни случаи од коронавирус во четвртокот, со што вкупниот број смртни случаи поврзани со Ковид-19 достигна 712, повеќе од 0,1 проценти од населението со нешто повеќе од 600.000.