СДСМ: Зеленчукот поскапе 63%, овошјето 33%, а платите стагнираат – со ВМРО-ДПМНЕ граѓаните живеат сè потешко

„ВМРО-ДПМНЕ се обидува да им каже на граѓаните дека не знаат како живеат и дека цените не растат, но граѓаните реалноста ја живеат секој ден, во маркет, на пазар, дома,“ се вели во соопштението на СДСМ.

Од партијата посочуваат дека за една година власт на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните живеат сè потешко и посиромашно.

„Синдикалната минимална кошница е зголемена за речиси 5.000 денари за период од една година. А минималната плата порасна за само 1.800 денари. Зеленчукот е поскап за 63,3%, а овошјето за 33% за една година. Инфлацијата изнесува 4,8% и директно ја јаде куповната моќ на граѓаните,“ велат од СДСМ.

Во соопштението се додава дека нивото на цените во Македонија е на 60% од европските, додека платите се само на 35% од европскиот просек. „Значи за речиси европски цени, три пати пониски плати,“ нагласуваат од партијата.

„На оваа реалност ВМРО-ДПМНЕ вели народот не знае дека живее добро, дека не знае колку е поскапено и дека власта нема магично стапче. Наместо да ги убедува луѓето дека многу добро живеат ама не знаат, наместо да измислува изговори дека ‘нема магично стапче’, ВМРО-ДПМНЕ треба да ги прифати предлозите на СДСМ,“ стои во соопштението.

Како конкретни мерки, СДСМ предлага:

  • минимална плата од 500 евра,
  • укинување на ДДВ за храна,
  • зголемување на платите во сите сектори.



Слични Објави