Се екипираше тимот на серијата за деца „Наше маало“
Сигурно се сеќавате на детската серија „Наше маало”, особено ако сте дете од крајот на 80-тите или почетокот на 90-тите години…кога со нетрпение чекавме да дојде недела за да ја видиме омилената зграда Кармен и нејзините мудри совети, па често си замислувавме дека и нашата куќа или зграда ќе ни проговори.
Ги паметиме вредностите и поукитеод кои сите, па дури и возрасните научија, на другарството на кои нè учеа Диме, Мали, Зана, Ице, Џелјан, Филиз, Бени и другите маалски другарчиња од населбата Пролет.
Денес, 18 години подоцна, повторно се собраа хероите од нашето детство во зградата на Кармен, во истата таа просторија. Со истата позитивна енергија како времето да не застанало, гордо потсетувајќи се на безгрижните денови кога се снимаше серијата.
A дали нешто подготвуваат и кој е поводот за нивното повторно обединување, останува да видиме. (Прочитајте го целиот напис овде)
