Се очекуваат 100 илјади гледачи на Џиро д’Италија во Бугарија
Giro d’Italia 2026 ќе стартува со етапи во Софија од 8 до 10 мај, што, според координаторот на софискиот дел Петар Хераков, претставува едно од најзначајните спортски домаќинства во современата историја на Бугарија, јавува БНР.
Подготовките се во завршна фаза, а институциите, локалната власт и организаторите работат координирано за реализација на настанот. Се бележи голем интерес од земјата и странство, со очекувања илјадници посетители да пристигнат специјално за трката. Проценките се дека околу 100.000 луѓе ќе ја следат надпреварата долж бугарските патишта.
Во главниот град се планирани привремени затворања на клучни булевари, вклучително и „Цариградско шосе“, како и поставување зони со екрани за следење во живо.
Една од етапите, меѓу Бургас и Велико Трново, ќе има класичен профил со неколку искачувања и долг завршен дел. Организаторите посочуваат дека, и покрај инфраструктурни предизвици, трасите ќе бидат подготвени навреме, со приоритет на безбедноста на натпреварувачите и публиката.

