Се огласи британскиот премиер по масакрот во Нотингем
Британскиот премиер Риши Сунак се огласи по инцидентот во Нотингем, во кој беа убиени најмалку три лица.
Тој вели дека е запознаен со шокантниот инцидент и дека бил информиран за инцидентот додека полицијата истражувала. Тој им оддал почит на оние што ги загубиле животите.
I want to thank the police and emergency services for their ongoing response to the shocking incident in Nottingham this morning.
I am being kept updated on developments. The police must be given the time to undertake their work.
My thoughts are with those injured, and the…
— Rishi Sunak (@RishiSunak) June 13, 2023
„Сакам да им се заблагодарам на полицијата и на итните служби за нивниот одговор на шокантниот инцидент во Нотингем утринава. Добивам известувања за развојот на настаните. На полицијата мора да ѝ се даде време да си ја заврши работата“, рече тој.