|

Се шири пожарот во планината Сакар во Бугарија

Големиот пожар на територијата на планината Сакар, меѓу селата Младиново, Лисово и Костур во Бугарија, до утрово зафатил околу 7000 декари, јавува БГНЕС.

Во гаснењето учествуваат 13 екипи од Регионалната дирекција за противпожарна заштита – Хасково, а булдожер работел цела ноќ на изградба на противпожарни појаси. На терен се и екипи од Државните шумски стопанства во Тополовград, Свиленград и Харманли. Денеска во активностите за совладување на огнот ќе се приклучат и 20 војници од воената команда во Хасково.

Според информациите, источниот и јужниот фронт на пожарот се веќе локализирани. Во моментов нема опасност за населените места, но делумната вонредна состојба во општина Свиленград останува во сила.



Слични Објави