СЕДУМ ПРИЧИНИ ЗОШТО ДПМНЕОВЦИ ПОМОГНАА ДА СЕ ИЗБЕРЕ ПЕНДРОВСКИ И ЈА ЗАБЕТОНИРАА АПСОЛУТНАТА ВЛАСТ НА СДСМ И ДУИ?

Истакнато Колумни Позиција

Затоа што:
1. Дел од искреното и чесно членство се уште не може да поверува дека неискреното партиското раководство одработува за лични и интереси на фамилијата;
2. Поголем дел од членството не може да поверува дека конците на партијата се уште ги влечат членовите на фамилијата (и оние однадвор и оние кои се тука) како и во фингираното партиско исклучување и наводна кавга;
3. Целта е реализација на зацртаното и договореното (помеѓу дел од фамилијата со луѓе од партиите на власт, со поранешните коалициони партнери, со инсталациите во судството и обвинителството) за да се спаси што може да се спаси од нелегално заработеното и казните да бидат што е можно помали односно по можност никакви (евентуално и да застарат обвиненијата);
o Позадината на оваа цел е: ,,Ја утнавме што ја утнавме, дајте да не одиме до крај!. Луѓе сме. И вас, кога тогаш, Ве чека истото. Има за сите, не се секирајте” односно во игра e втората фаза и исправање на грешката која ја направи Груевски кога ја одби понудата на Заев (негово заминување од функцијата, во замена ,,бомбите” да не бидат јавно објавени). Сетете се дека пред да биде објавена првата ,,бомба” тајно се преговарало за ова. Доколку тогаш се испазареа бидете сигурни дека јавноста никогаш немаше ништо да дознае за она што се случувало; 
4. Дел од членството и симпатизерите не можат да ја разграничат маниуплативната од патриотската политика односно да се критикува колку да се критикува, само не за тоа што е најбитно во моментот (пример: додека се потпишуваше договорот од Преспа, грујовистичкото раководство на јавните протести говореше за загадениот воздух и пропаднатата економија и правеше екскурзии низ државата. Едноставно кажано продаваше ветер и магла во смисла ,,Запознај ја татковината повеќе, побрзо ,,превеслај” го членството и симпатизерите, па белким додека се освести ќе ве почитува и ќе ги исполнува зададените задачи);
5. Дел од членството не успеа да препознае дека ,,фингираната” мала разлика по првиот круг е резултат на вешта и договорена политика и режија со цел да не му се остави можност на противникот да ги бојкотира изборите и истовремено лековерните да поверуваат дека сега е шанса опозицијата да победи дури и со кандидат од друга идеолошка провиниенција. Дополнителна заблуда внесе и самиот кандидат кој свесно ги излажа вмровците и останатите опозиционери дека гласачите на Река ќе гласаат за нејзе (поточно дека очекува да ги дадат гласовите небаре тие се на послужавник), како и гласините дека постои договор со Алијансата и Беса, па дури и дека тајно се преговара и со ДУИ. 
6. Дел од членството помеѓу давата круга поверува на лажното убедување и ветување дека Силјановска сигурно ќе победи, дека брзо ќе има вонредни парламентарни избори, а тие доколку излезат на гласање со целото семејство ќе бидат на високи државни позиции;
7. Силјановска беше ,,спотер” и ,,маска” кој требаше да послужи да се испере партиското раководство за недоследната и сулудо водена политика исклучиво за лични цели диригирана од фамилијата, а реализирана од наметнатото раководство на ДПМНЕ.

Автор: Проф. Д-р Јове Кекеновски