(Видео и галерија) Село Крупник ја одбележа 146-та годишнина од ослободувањето на Бугарија
Најголемото село во општината Симитли во Бугарија – Крупник, вчера со пригодна програма ја одбележа 146-та годишнина од ослободувањето на Бугарија. На националниот празник – 3 март, селото Крупник беше осветлено од светлината на огнот и убавата зарја во чест на знајните и незнајни херои кои паднале во борбите за слободата на Бугарија, јавуваат од СУ „Св. св Кирил и Методиј“.
„Традиционално и годинава со заедничка иницијатива СУ „Св. Св. Кирил и Методиј“ – село Крупник и кметство Крупник ја прославија 146-та годинишнина од ослободувањето на татковината. Учениците од училиштето играа, пееја и рецитираа за да ја изразат својата почит кон големината на Мајка Бугарија. Тие докажаа дека има народи избрани од Бога и еден од тие народи е токму бугарскиот. Нашиот мал, но достоен народ овде на Балканот го зачува своето писмо, јазик, култура, традиции, фолклор. Поробувачите пет века се обидувале да ги скршат овие луѓе, бидејќи не знаеле дека не може да се победи духот на Бугаринот. По завршувањето на ученичкиот рецитал, жителите и гостите на селото Крупник уживаа во впечатливата зарja, а потоа директорот на училиштето – Венцислав К’лбов и градоначалникот на селото – Александар Равначки запалија голем оган. Длабок поклон пред светото име Бугарија!“, стои во објавата на социјалната мрежа Facebook на СУ „Св. св. Кирил и Методиј“ с. Крупник.
Галерија од настанот можете да погледнете на официјалната Facebook страница на СУ „Св. св. Кирил и Методиј“ село Крупник.

