| |

Семен Новиков ѝ донесе на Бугарија светска титула во машко борење по 13 години

Семен Новиков го освои златниот медал во категоријата до 87 килограми во грчко-римски стил на Светското првенство во борење во Астана, Казахстан, соопшти бугарското Министерство за млади и спорт.

Во финалето, олимпискиот шампион од Париз 2024 го совлада Иранецот Алиреза Мохмадипиани со 4:0 и ѝ ја донесе на Бугарија првата светска титула во машко борење по 13 години.

„По 13 години, Бугарија повторно има светски шампион во машко борење“, истакна Министерството во објавата на Фејсбук.

Ова е втор медал за Бугарија на првенството, по бронзата што Кирил Милов ја освои претходниот ден.

Слични Објави