| |

„Северномакедонски“ жештини

Иво Иванов/ специјално за Трибуна/

Жега е, посебно на Балканот. Но најсилно гори сонцето кај кејот на Вардар, каде што истото жари меѓу мноштвото споменици на елински и бугарски херои. Недостигот на разладувачки провев создава прегреани бладања во Скопје.

Пред скопската телевизија „Канал 5“ премиерот Христијан Мицкоски побара ни помалку, ни повеќе Северна Македонија и Бугарија заедно да подготват нацрт-резолуција, „во која јасно да биде запишан повеќевековниот македонски идентитет и јазик“. Но не само тоа. Поради недостаток на свои европратеници, актуелниот голем водач и учител на македонизмот бара бугарските европратеници да си направат харакири и самите да ја поднесат резолуцијата во Европскиот парламент. Во неа црно на бело да запишат дека ја признаваат „повеќевековниот македонски идентитет и јазик“. Но и тоа е малку за Мицкоски – тој сака уште и уште од Бугарија. „Да ја регистрира ОМО „Илинден Пирин“, за да може ОМО „Илинден Пирин“ да предложи свој претставник во Владата за заштита на правата на малцинствата во Бугарија“, тропа со ножето пред Брисел и Софија северномакедонскиот лидер.

Температурите се покачуваат, веќе достигнуваат 40 и повеќе степени. Првиот дипломат на Скопје Тимчо Муцунски повтори пред медиумите на прес-конференција пред неговиот марокански гостин Насер Бурита уште една јулска фантазија на Мицкоски. Според Муцунски, и без официјален документ предлогот на премиерот на Северна Македонија стигнал до Софија, бидејќи бил „главна тема во Бугарија“.

Боже мој, Бугарите исто така ги мачи жештина, но малку поинаква. Сметаат и се договараат во колку евра ќе се претворат нивните приходи, колку ќе плаќаат во продавниците од 1 јануари и слично. Други навечер, во ладовина, протестираат дека и градоначалниците од опозицијата имаат право на корупција и провизии, без да паднат под ударите на антикорупциската комисија. Исклучувајќи ги летните пожари на Балканот, дневниот ред на бугарските жештини е друг.

Јасно е дека во Скопје не си веруваат на предлозите, но се обидуваат да го префрлат сопствениот европски неуспех во бугарскиот двор. Дури ни клима-уредот во Министерството за надворешни работи не помага. Можеби е кинески. „Затоа Софија во моментов е на потег. Да покаже дали ќе продолжи напред кон 21-от век или ќе остане заглавена во реториката на 19-от век. Сакам да верувам во разумот, сакам да верувам во прогресивноста на Софија. Знам дека овие се тешки одлуки, но затоа сите сме избрани да носиме тешки одлуки. И можноста е на страната на Софија да покаже дека ќе застане на страната на прогресот“, прогресивно сонува Муцунски.

„Сите сме за ЕУ и сите сакаме да бидеме во ЕУ, но не по секоја цена“, ја брише потта од своето гордо и напудреното за пред камерите северномакедонско чело Мицкоски.

Пратеникот и член на Извршниот комитет на владејачката во Северна Македонија партија ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков исто така прегреал и во илинденската жега провидел „дека бугарските служби и нивните соработници во Северна Македонија водат координирана операција против премиерот Мицкоски, владата и државата“. Ех Миле, ех Лефков, заговорот си е заговор, но јазикот, особено „северномакедонскиот“, е јазик. Тој е нешто живо и не можеш да го врзеш со празни приказни. Штом има име Северна Македонија ќе има и придавка „северномакедонски“. Такви се сегашните меѓународни, државни, етнички и јазични реалности. Го напоменуваме ова, бидејќи во Северна Македонија многу се вознемируваат кога ќе го слушнат придавката и определбата „северномакедонски“, кажана од бугарска страна. За разлика од Преспанскиот договор со Грција, меѓу Бугарија и Северна Македонија нема потпишан договор за користењето на терминот „северномакедонски“.

Надвор од дипломатските и политичките пози од северномакедонските телевизиски вечеринки, јасно е едно. ВМРО-ДПМНЕ, која го украла името на историското ВМОРО и на ВМРО, никогаш нема да ја внесе бугарската заедница во северномакедонскиот устав. Ќе измислат илјада причини. Сакаат Бугарија да се откаже од своите сонародници и граѓани во Северна Македонија. Зашто стравот е голем и лепи по потната кожа на македонизмот. Иако според Мицкоски, Бугарите со сите свои агенти се 300–400 луѓе, дури и тие го подриваат целиот фалш во поранешната југословенска република.

Во очекување сме на 2 август. Ги очекуваме следните жешки изливи од околината на манастирот „Свети Прохор Пчински“ и од Мечкин Камен. Колку повеќе се издигаме високо кон саможртвата на хероите, толку повеќе сонцето пече ли пече.



Слични Објави