Шасивари – Лосон: Заеднички напори за посилно владеење на правото
Поддршката за реформите во правосудството и зајакнувањето на владеењето на правото беа дел од темите на разговор на средбата меѓу министерот за правда Јетон Шасивари и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Н.Е. Метју Лосон.
Во изминатиот период, преку заедничките иницијативи и реализираните проекти, се обезбедува поддршка за модернизација на правосудниот систем, зајакнување на институционалните капацитети и воспоставување поефикасни механизми за справување со организираниот криминал.
Партнерството со Обединетото Кралство останува важен сегмент во поддршката на реформските процеси и во остварувањето на стратешките цели за посилно владеење на правото, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

