Шефот на протоколот на МНР си поднел оставка за грешката со словенечкото знаме

/

Лицето задолжено за протокол во министерството за надворешни работи си поднело оставка по поставувањето на словачкото наместо словенечкото знаме.

Ова го потврди синоќа шефот на македонската дипломатија Бујар Османи во емисијата 24 Анализа.

– Тоа беше едно од десетте знамиња и кога имате интензивна агенда се прават грешки. Директорот на протоколот поднесе оставка иако немаше никаква директна одговорност која ја прифатив,рече османи во емисијата.



Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон на 18 октомври во кабинетот на министерот османи во скопје беше пречекана со највиски почести, но за жал и со погрешно знаменце ,на масата беше поставено словачкото знаме.

Претходна статија

Бугарскиот суд го затвора здружението што го отвори Македонскиот центар „Никола Вапцаров“

Следна статија

Влада: ЕСМ без увоз на струја во целост ги задоволува потребите за струја на домаќинствата и малите потрошувачи

Најново од Вести