|

Шеху поднесе тужба против упатството за бројот на советници

Членката на Државната изборна комисија (ДИК) од редовите на ДУИ, Дитмире Шеху, до Управниот суд поднесе тужба против упатството што неодамна го изгласа Комисијата за утврдување на бројот на општински советници.

На самата седница, Шеху побара документот да се усвои со консензус, повикувајќи се на одредбите од Изборниот законик. „Упатството треба да се донесе со консензус,“ истакна таа, но сепак, одлуката беше изгласана со пет гласа „за“ и еден „против“.

Управниот суд е должен да се произнесе по тужбата во рок од 48 часа. Владината одлука, врз која се темели упатството, произлегува од податоците на пописот спроведен во 2021 година, а со неа бројот на советници се намалува во 14 општини.

Слични Објави