ШЕКЕРИНСКА: НА ВОЈНИЦИТЕ ШТО НЕ САКААТ ДА РАБОТАТ ЌЕ ИМ БИДАТ ДАДЕНИ ПО 1000 ЕВРА ОД ГОДИНА ЗА НОВ ПОЧЕТОК
„Ден за убава вест за војниците кои ќе навршат 45 години возраст. Нудиме можност, доколку не сакаат да продолжат со работа во државна институција, да изберат отпремнина од 1000 евра за секоја година помината во Армијата. Доколку работеле 25 години, тоа се 25 000 евра за нов почеток. Благодарност до Синдикатот – заеднички го решивме прашањето на уште една категорија војници во Армијата“, напиша Радмила Шекеринска на својот facebook профил.