ШЕШЕЉ БЛОКИРАН НА „ТВИТЕР“ ПОРАДИ ГОВОР НА ОМРАЗА
Социјалната мрежа „Твитер“ го суспендираше и блокираше налогот на претседателот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ. Тој е блокиран на „Твитер“ откако тоа го побарале бројни
корисници на социјалната мрежа поради неговите најнови објави во кои ги навредувал и нападнал јавните личности и користел говор на омраза.
На налогот на Шешељ стои известување дека е суспендиран и дека „Твитер“ ги суспендира налозите коишто ги прекршуваат правилата на таа социјална мрежа.
Последен што бил цел на водачот на радикалите биле потпретседателот на Партијата за слобода и правда Мариника Тепиќ и академикот Душан Теодоровиќ.