РАДЕВ НА ФОРУМ СО МАКРОН- ДАЛИ РАЗГОВАРАЛЕ ЗА МАКЕДОНИЈА?

Бугарскиот претседател Румен Радев зеде учество во Петиот меѓународен меморијален форум на Холокаустот. Во рамките на форумот со пригодна церемонија во Меморијалниот центар „Јад Вашем“ беа одбележани 75 години од ослободувањето на Евреите од логорот на смртта Аушвиц.

„Бугарија се наоѓа овде со гордо крената глава, бидејќи не дозволи ниту еден бугарски Евреин да биде испратен во логорите на смртта. Ние можеме да бидеме горди на овој подвиг на бугарскиот народ“, стои во објавата на бугарскиот претседател Румен Радев на facebook.

Интересно е да се напомене дека на самиот форум Радев неформално се сретнал со својот француски колега Емануел Макрон. Дали Радев ја искористил приликата да ја наметне Македонија како тема во разговорот со својот француски колега останува неизвесно.

Потсетуваме дека токму Франција беше земјата која се спротивстави на одредувањето датум за почеток на преговорите за влез во ЕУ, на Македонија и Албанија.