ШПАНИЈА ИМА НОВ ХЕРОЈ: ВО САБОТАТА ГО ПОГРЕБА СВОЈОТ ТАТКО, ВЧЕРА ГО ДОНЕСЕ ДЕЈВИС КУПОТ

Шпанија го освои првото издание на новиот формат во Дејвис Купот. „Црвената фурија“ во финалет беше подобра од Канада, кога во сингл конкуренција Роберто Баутиста Агут и Рафаел Надал дојдоа до победи, па мечот во двојки воопшто не се одигра.

Иако Надал ја запечати победата на својата репрезентација, вистинскиот херој беше Агут. Тенисерот во текот на минатата недела ја напушти репрезентацијата, бидејќи почина неговиот татко.

Во саботата Агут беше на погреб, а веќе вчера играше за Шпанија и оствари победа од 2-0 со 7:6 и 6:3 против Феликс Ожие-Алиасим. Тоа беше неверојатно емотивен момент за тенисерот, по што цела земја му се поклонува. Собра сили по една тешка емотивна состојба да биде вистински професионалец и спортист.

Секоја чест за Агут.

„Тоа што Агут го направи, за мене, е речиси неверојатно. Не може да се опише. Тој ќе ми биде пример до крајот на животот“, изјави Рафаел Надал.

Извор: Спорт1



Слични Објави