ШПАНИЈА НЕМА ДА Ѝ ДОЗВОЛИ НА АТАЛАНТА ДА ГОСТУВА ВО ВАЛЕНСИЈА?!

Коронавирусот ги вознемири сите во Италија, посебно на северот од државата, па многу натпревари беа одложени минатиот викенд, додека во следниот ќе се игра без присуство на публика.

Аталанта минатата среда во Милано на „Сан Сиро“ ја пречека Валенсија во осминафиналето на Лигата на шампиони и победи со 4-1, но сега се појави проблем пред реваншот.

„Марка“ објави дека Шпанија размислува дали да дозволи Аталанта да гостува кај Валенсија поради вирусот во Италија.

Реваншот се игра на 10 март, а дотогаш има многу време, па можеби ќе се промени нешто.

Извор: Спорт1