СЕДУМ МРТВИ ВО ИНДИЈА ВО ПРОТЕСТИТЕ ПОРАДИ ПОСЕТАТА НА ТРАМП

Најмалку седум лица загинаа, а околу 150 се повредени во судирите кои избија во Њу Делхи за време на протестите против новиот закон за државјанство,  само неколку часа по пристигнувањето на американскиот претседател Доналд Трамп во таа земја, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Судирите избиле помеѓу две групи на демонстранти – тие кои се залагаат за законот и тие кои се противат. На улиците излегоа повеќе илјади луѓе, а полицијата употреби солзавец и димни бомби со цел да ги растера луѓето кои напаѓаа со камења.