ШПАНСКИОТ НОВИНАР КОЈ ЗАКАЧИ КОРОНАВИРУС ВО МИЛАНО: НАЈДОБРА ВЕСТ Е ШТО НИКОГО НЕ СУМ ЗАРАЗИЛ!

Шпанскиот спортски новинар Кике Матју закачи коронавирус во Милано за време на мечот Аталанта – Валенсија (4-1) во Лигата на шампионите пред една недела, а тој е првиот пациент со новиот вирус кој го преплаши светот што се појавил во Валенсија (Шпанија).

Кике откако е хоспитализиран и изолиран во клиника во Валенсија, се јави преку Твитер за да открие дека е најсреќен што никого не заразил откако го „закачил“ опасниот вирус кој пред нова година се појави во Кина, а се прошири сега низ Европа.

„Тука сум изолиран во клиниката во Валенсија и јас сум нултиот пациент. Никој не очекуваше дека еден од акредитираните новинари ќе биде еден од првите што е заболен, а во овој случај – првиот. Добро сум и сакам да упатам порака за смиреност кон сите кои беа во моја близина за време на патувањето и до моите партнери кои ме облекоа во последните часови и кои беа загрижени за да дознаат како сум. Најдобрата вест е дека не сум заразил ниту еден“, вели Кике.

Тој се пожали дека е премногу досадно во изолација, а дека очекува да закрепне како после една лесна настинка.

„Очекувам да закрепнам како после настинка. Ама тука е премногу досадно од било што, но тоа е логично и е присилна изолација. Лекови? Јавете се на 112. Ако не сте добри, веднаш одете во болница. Благодарение на тоа, јас не отидов на работа, туку во болница“, додава Кике.

Извор: Спорт1

Слични Објави