ШТО ТРЕБА ДА ЈАДЕМЕ ЗА ПОДОБАР ИМУНИТЕТ ВО ЕСЕН?
Есента знае да биде тешка за човечкото тело. Тоа е време кога телото е нападнато од бројни респираторни вируси и бактерии кои предизвикуваат настинки, кои пак ја ослабуваат одбраната на телото и доведува до влошување на здравствената состојба. Како да не се разболите на есен? Што да направите за да го подобрите здравјето и имунолошкиот систем?
Важно е да се напомене дека не постојат такви средства што би не заштитиле одеднаш од сите болести. Задачата на поединецот е правилно да го прилагоди телото за борба против заразни болести. Ако ова се направи, дури и во случај да настане болест, дефанзивните сили на организмот ќе бидат претходно подготвени и брзо ќе се справат со болеста.
КАКО НАЈДОБРО ДА СЕ ХРАНИМЕ ВО ЕСЕНСКИОТ ПЕРИОД?
Она што помага да се зголеми имунитетот е свежата храна, која во есенскиот период треба почесто да се користи. Најдобар начин за подобрување на имунолошкиот систем во никој случај не е огромната концентрација на витамин Ц во храната. Но затоа познати пријатели на човечкиот имунитетот се производите од млеко (киселите производи) кои треба да се козумираат во доволна количина. Тие во себе содржат голем број на бифидобактерии. Како ова функционира? Всушност, сè е многу едноставно. Со подобрување на варењето на храната, човекот ги исфрла од организмот токсините и штетните материи, што пак драматично ги зајакнува сите фази на имунолошката заштита. Производи со слични својства се достапни во секоја продавница. Тие вклучуваат:
• кефир;
• јогурт;
• кисела павлака;
• кисело млеко;
• сурутки и др.
ДАЛИ ТРЕБА ДА КОНЗУМИРАМЕ ЗЕЛЕНЧУК И ОВОШЈЕ?
Ниту во еден месец во годината не треба да се изостават зеленчукот и овошјето. Како со нивна помош да се зголеми имунитетот во есен? Одговорот е едноставен – треба да јадете повеќе зеленчуци и овошја кои содржат оптимална рамнотежа на витамини и минерали. А тоа се:
• компири;
• портокали;
• јаболка;
• моркови;
• шипки
ЗАКЛУЧОК
Така, и покрај природниот пад на имунитетот во есенската сезона, постојат многу методи за тој да се стимулира. Ова се вообичаените прехранбени производи, како и разни прехранбени додатоци препорачани за оптимална исхрана во есен. Како вие ќе одлучите да се храните, одлучувате сами. Не заборавајте, лекарите специјалист во секое време можат да ви помогнат да го направите вистинскиот избор.

