ОБСЕ/ОДИХР: НИЕ ЌЕ НАБЉУДУВАМЕ, НЕМА ДА СЕ МЕШАМЕ ВО РЕФЕРЕНДУМСКИОТ ПРОЦЕС
Имаме мандат да дадеме проценка и да го набљудуваме референдумот, а не да се мешаме во него, изјави Јан Петерсен, шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР. Според шефот на набљудувачката мисија, тие се заинтересирани за целокупниот процес, а не само за резултатот. Петерсен рече дека за 6 до 8 недели по референдумот ќе издадат извештај со препораки. Петерсен подвлече дека експертите ќе го следат целиот процес – водење на кампањата, нејзиното финансирање и медиумското покривање.