СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ГИ ПОГОДИ ФИЛИПИНИТЕ, НАЈМАЛКУ ЕДНА ЖРТВА

//

Најмалку едно лице настрада, а над 40 се повредени во силен земјотрес што утрово ги погоди Филипините.

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтер го погоди островот Минданао, на југот на Филипините.

Канцеларијата за цивилна заштита соопшти дека 66-годишен маж починал, а над 40 лица се повредиле додека бегале од домовите, кога бил почувствуван потресот.



Филипините, претходно месецов ги погоди земјотрес во кој загинаа пет лица и предизвикана беше голема материјална штета.

Извор: Макфакс



Претходна статија

РАСПИШАНА НАЦИОНАЛНА ПОТЕРНИЦА ПО ИГОР СПАСОВ

Следна статија

ВЕЛЕШАНЕЦ НАПАДНАТ И ОГРАБЕН ПРЕД КАЗИНО

Најново од Вести