Синот на големиот македонски Бугарин Јован Стојановски- Илија со отворено писмо до пратениците во комисијата за култура и медиуми во бугарскиот парламент, заради најавените вести на српски јазик на Бугарската национална телевизија
Преку социјалната мрежа Facebook македонскиот Бугарин Илија Стојановски, син на големиот борец за правата на Бугарите во РС Македонија Јован Стојановски- Јове Рибарот објави отворено писмо до Комисијата за култура и медиуми во Народното собрание во врска со активностите на раководството на Бугарската национална телевизија (БНТ).
Во објавата со отвореното писмо на Стојановски се одбележани и профилите пратениците Христо Петров- Ицо Хазарта од политичката партија „Продолжуваме со промените“ и Тома Биков од политичката партија ГЕРБ, кои се членови на Комисијата за култура и медиуми во бугарското Народно собрание.
Ви го пренесуваме писмото на Стојановски во целина и без уредувачка интервенциja.
Почитувани,
Деновиве во нашето општество излезе шокантна информација за планираното објавување на вести на српски јазик на Бугарската национална телевизија.
Би сакале силно да се спротивставиме на ваквата апсолутно бесмислена и понижувачка, странска иницијатива. Зошто српски јазик?!
На пописот на населението во Бугарија дури ни во графата „Други“ нема етнички Срби или ако има некаква бројка, таа е навистина крајно симболична. Во оваа смисла, за кого ќе бидат наменети вестите на српски јазик?
Србија не презема реципрочни мерки за бугарскиот јазик на нивната национална телевизија и покрај тоа што таму има значајна историска бугарска дијаспора. Напротив, Бугарите во Србија со децении се подложени на етноцид.
Србија продолжува да биде очигледен и најсигурен сателит на Руската Федерација во Европа. Сличен дипломатски потег планиран од БНТ е во спротивност со официјалната надворешна политика на Република Бугарија во однос на руското влијание во Белград и регионот. Како што знаеме, БНТ е должна да ја следи официјалната политика на Софија, а не да наметнува паралелна.
БНТ, која е поддржан од државниот буџет, гласан од сите вас - пратениците во соодветната комисија, а потоа и целото Народно собрание, очекуваме да биде одговорен медиум и да ја следи националната политика за националните прашања, а не да се наметнува паралелни политики.
Емитувањето вести на српски јазик ѝ помага на српската политика да го создаде т.н. шопски етникум и шопски јазик (практично српски јазик без падежи), а чија замисла е да го обезличи бугарското малцинство во Западните покраини и да ги постави темелите за претензии за српско малцинство на бугарска територија . Слично како што се случувало и се случува со таканаречениот македонски етникум и т.н. македонски јазик.
Кои ќе бидат вашите конкретни постапки по ова писмо?
Со почит,
Илија Стојановски