СИТЕ СМЕ НА ЗАГУБА САМО ЛИХВАРИТЕ НЕ

/

Да ви кажам право, драги мои, кога ќе го слушнам зборот „солидарност“, се ежам! Оти отсекогаш сум насетувал дека тоа е само еуфемизам за магаре. Затоа, бидете внимателни – кога некој ќе побара од вас да се солидаризирате, значи бара да ве намагарчи! Но, нејсе, криза е, вонредна состојба е, и разбирам дека оваа вонредна состојба, бара вонредни мерки, т.е. мора сите да бидеме солидарни. Или ајде да бидеме искрени – сите мора да бидеме магариња!

Но, бидете будни, драги мои! Оти, некои ќе испаднат поголеми магариња од други. Впрочем, во егоистичката логика на капиталот, тоа отсекогаш било така. Ене, вчера баш гледав на еден медиум, претставници од банкарскиот сектор, како се обидуваат од сите нас да направат магариња! Госпоѓата Штериева, претседател на Македонската Банкарска Асоцијација, вели никогаш не станувало збор за тоа банките да се откажат од каматите за време на шест-месечниот мораториум! И се обидува да го „аргументира“ тоа: „каматата е цената на кредитот, тоа е производот, како може да го продадеме производот без пари“, па уште побрилијантно финишира: „тоа е како да отидете да наполните бензин без пари!“ Мила госпоѓо Штериева, не знам дали до вас стигнале вестите дека нафтата се продава за 40 денари!? Да, губат продавачите на нафтени деривати госпоѓо! Сите губат! Сите губиме! Не знам дали тоа се гледа од вашиот кристален дворец, но надвор е војна и токму тоа се апелите на сите – во вонредна состојба, во кризна состојба, сите губат. И сите треба да го прифатат тоа и да се согласат на одредена загуба! Тоа е солидарност во криза, вака воопштено да ви дефинирам!

И вака сега, не-економски, едноставно да ве прашам – што ќе загубат банките!? Секако, јас не сум економист и тоа може во старт да биде основа за дискредитација на некои од овие ставови изнесени овде. Но, иако не сум економист, и иако и јас сум во категоријата на магариња, сепак не сум глуп. Не треба да сте доктор на економски науки за да ја направите елементарната математика. А башка, предавам логика. Еве еден силогизам, или што би рекле, дедукција на заклучок од неколку премиси:

1.  Дали се согласуваме дека е криза? – Да

2.  Дали во криза се очекува сите да загубат? – Да

3.  Дали солидарноста значи загубата рамномерно да се распореди? – Да

4.  Дали мораториумиот за шестмесечно неплаќање, значи загуба за банките? – Да



5.  Дали наплатувањето на камата во шест-месечниот период значи дека загубата ќе си ја компензирате после шест месеци и тоа „двојно“ – еднаш со условите за кредитирање на кои сум се согласил, плус шест месеци екстра камата? – Да

Заклучок: каде е тука загубата на Банката, т.е. солидарноста?

(Целата колумна прочитајте ја на FAKTOR.MK)

Претходна статија

ПРЕМОЛЧУВАМЕ И ЕТЕ ШТО НИ СЕ СЛУЧУВА

Следна статија

ЖЕНИ НЕ МОЛЧЕТЕ!

Најново од Колумни

Кога идентитетот е бетон

Пишува: Ѓорѓи Трендафилов Вчерашниот фудбалски натпревар меѓу Северна Македонија и Бугарија е одличен настан за крај