|

„Случајот Диво месо мора да има правна разрешница, кој и зошто се богател на болните од канцер“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Повеќе од два месеца Јавното обвинителство молчи и не отвора истрага зошто пациентите не ја добивале соодветната терапија, зошто не работел КАТО системот на клиниката за Онкологија и кој се заработувал на грбот на болните граѓани од канцер. Низа информации кои излегоа од граѓани кои биле директно засегнати, информации од медиумите дека се набавувала терапија од омилената веледрогерија, без протоколи и евиденција, информации дека терапијата за болните од канцер завршувала ма црниот шазар, како и не користење на КАТО системот само укажуваат дека случајот Диво месо бил планиран и свесно разработена машинерија за богатење и тоа на грбот на најболните“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Дури и вонредната финансиска контрола на клиниката за Онкологија потврдува дека има низа на прекршување на процедурите.

И наместо веднаш Јавното обвинителство да покрене истрага, повеќе од два месеца молчи и не открива што точно се случувало на Онкологија.

Со ваквиот однос од страна на ЈО се поочигледно е дека сакаат да се прикријат вистинските виновници и се фрла дамка и на оние здравствени работници кои професионално си ја вршат својата работа.

Случајот Диво месо е реалната слика како функционира македонското здравство во владеењето на СДС и ДУИ.

Власта на СДС и ДУИ и за овој скандал е најодговорно и најповикана, бидејќи повеќе од 6 години управува со здравствените институции.

Случајот Диво месо мора да има правна разрешница, кој и зошто се богател на болеста на болните од канцер?

Го повикуваме уште еднаш ЈО да не останува немо и да не бега, туку веднаш да постапи и секој што бил инволвиран во канцер мафијата да биде изнесен пред лицето на правдата.

Мора да се стави крај на канцер мафијат. Мора секој што се огрешил пред законот да одговара“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Слични Објави