СО МАЖИТЕ ОД ОВИЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ЉУБОВТА Е ТЕШКА

//

Не постојат идеални мажи, но во хороскопот има некои знаци чии претставници освен позитивните квалитети имаат голем број на карактеристики кои покажуваат дека тие се тешки за во врска. Со нив романтиката, врската и семејството може да бидат комплексен процес. Погледнете кои се тие:

Девица
Мажот Девица има многу квалитети но поседува и негативни карактеристики. Нивните исклучителни интелектуални способности граничат со комплекс на помала вредност, лојалноста – со патолошка љубомора, толеранцијата – со исклучителен степен на осетливост.

Со ваков партнер, љубовната врска е комплексна и неговата партнерка мора постојано да внимава што ќе каже и како ќе го каже нештото. Најкомплицирани се односите во кои двајцата партнери се родени под знакот на Девицата.

Девиците би можеле да имаат хармоничен однос со претставниците на Јарец, Рак, Скорпија и Бик. Со Стрелец и Овен, нивната љубов би се соочила со сериозни искушенија.

Јарец
Прво, исклучително е тешко да се изгради љубовна врска со Јарец. Овие претставници на хороскопот создаваат семејства но ја преземаат улогата на чувар или тиранин. Тие избираат за партнерки жени од кои ќе имаат најголема корист и ќе предизвикуваат најмалку проблеми.

Јарците се алчни за пофалби и не би било пожелно да бидат критикувани бидејќи се премногу горди.

Секако, некои мажи од хороскопскиот знак Јарец се прилично чувствителни, но оваа карактеристика на нивниот карактер не се појавува каде што треба на пример да ги утешат своите најблиски.
Јарецот може да создаде добра љубовна врска со Скорпија но некако може да се навикне и на Девица или Бик. Врската со Рак или Близнаци е речиси невозможна.

Водолија
Мажот Водолија не ја зема позицијата на лидер во семејството. Овие мажи се многу педантни. Нема посебна причина за тоа, тие се само такви. Овие мажи се со слободен дух, понекогаш дури и анархисти и не подлегнуваат на контролата од страна на нивните партнерки. Ако бидат провоцирани, тие стојат исправени против сите. Ги сакаат комплиментите, особено во однос на сексот и нивната изведба.



Хармоничен однос може да создадат со жените од знакот на Близнаци, Стрелец, Лав, Вага или Риби. Нивната љубов со Бик или Скорпија е тешка.

Рак
На прв поглед, мажите Ракови се чини дека единствена цел им е да го одржуваат семејството и да бидат чесни и лојални кон нивните партнери. Но, тоа не е навистина така. Некои од нив дефинитивно не сакаат да ја преземат одговорноста за семејството и да бидат „ѕидот” зад кој нивниот сопружник може да се сокрие и да најде поддршка.

Мажите од знакот на Рак  не знаат како да ги надминат тешкотиите во кои ќе се најдат. Ним им треба вечна дадилка и се плашат да ја напуштат својата зона на удобност која е заштитена  како во школка.

Исто така, мажите од знакот на Рак се многу љубоморни. Ако нивната партнерка има силен карактер тие сѐ и препуштаат неа и стануваат пасивни.

Дамите родени под знаците на Девица, Скорпија, Риби и Вага можат да ја сносат комплексноста на мажот Рак.



Претходна статија

ЗАЕВ-ПАЛМЕР: ПОДДРШКА ОД ВАШИНГТОН ЗА УСПЕШЕН РЕФЕРЕНДУМ ВО МАКЕДОНИЈА И ЧЛЕНСТВО ВО НАТО

Следна статија

МВР ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ИНЦИДЕНТОТ НА МЕЧКИН КАМЕН

Најново од Истакнато

Кога идентитетот е бетон

Пишува: Ѓорѓи Трендафилов Вчерашниот фудбалски натпревар меѓу Северна Македонија и Бугарија е одличен настан за крај