Софија има трамваи пред Лондон
Софија е една од првите европски престолнини што се имаат здобиено со трамваи. Малку е познат фактот дека трамваите возелe по улиците на главниот град многу пред оние во Лондон, Стокхолм или Лисабон, објави БГНЕС.
Првиот трамвај се движи од 1 јануари 1901 година, а главниот град на Бугарија е седмиот европски град кој го има овој удобен превоз, кој во 2026 година ќе одбележи 125 години од основањето.
За првпат во главните градови и градовите на двете големи централноевропски империи се појавуваат трамваи со кои Бугарија тесно ќе ја поврзе својата судбина во првите децении од своето постоење – Германија и Австро-Унгарија.
Во 1881 година трамваите се движелe низ улиците на Берлин, а наскоро ќе се појаваат и во Будимпешта, Прага, Брисел, Париз и Виена. Всушност, главниот град на дунавската империја има трамвај од 1897 година, што покажува дека во однос на овој модерен транспорт за своето време, Софија и кнежевството не заостануваат, туку се дел од европските процеси.
Точно 20 години по нивното појавување во Берлин, во Софија се отворени првите шест линии.
Еден од најважните правци ја поврзуваше Централната станица со катедралата Света Недела. Имало трамвај кој сообраќаше низ центарот, а друг се движеше по главната улица „Трговска“ која веќе не постои, и е еквивалент на денешниот булевар Витоша.
Постоела и линија која се движела по денешните трамваи 20 и 22 и стигнувала недалеку од станицата „Подуене“.
Фото: БГНЕС

