СОФИСКИОТ ВОЈНИК, ДАСКАЛОТ И ЖЕЛЕЗНАТА ВОЛЈА
Гоце Делчев е еден од најинтересните проекти спроведени од страна на бугарското воено разузнавање за организирање на вооружен бунт во Македонија.
До неговото појавување организацијата не разполагала со воена сила, значително оружје и подготвеност на населението да ракува со него.
Зошто е избран Г. Делчев?
Бил млад, харизматичен, изклучително интелегентен, одличен оратор и со јасна изразена логика за воена тактика во герилски услови.
Бугарија во тие години многу често била обвинувана од Отоманската империја, но и од Западниот свет дека се меша и помага бунтови и групи во внатрешноста на империјата особено во Македонија и Одринско, токму тие обвинувања ја отежнувале меѓународна положба на Софија. Кнежеството Бугарија било обвинувано од великите сили во помагање на разпадот на Отоманската империја.
За да не се направи дирекна врзка со Егзархијата, како и со воената структура на официална Софија, бугарското воено разузнавање го избира Гоце Делчев за акцијата “Осило”.
Делчев потекнува од унијатска фамилија од Кукуш. Поради таа причина не може да биде директно поврзан со Бугарската егзархија. Ја поминува воената обука и подготовка се до последниот месец пред завршувањето на воената академија, кога е изклучен поради наводна социалистичка дејност. Тој реално веќе е обучен воен офицер, но со изклучувањето се прекинува реалната врзка помеѓу официалната бугарска армија и воена школа и неговото идно дејствување.
И каков парадокс, човек обвинет за социалистичка и лоша пропаганда за кратко време ќе се најде како учител помеѓу идните поколенија со плата од бугарското училиште!? Ако е лош, антидржавен и анархистички елемент зарем некој ќе му дава плата и можност преку својата учителска дејност да ги уништи идните генерации?!
Не, тоа е идеална форма за да влезе во внатрешноста на турската империја, бидејки како офицер од туѓа армија тоа нема како да се случи. Сепак и Турците не паселе трева. Само за потсетување во тој период најпочитувани луѓе биле даскалите и поповите, така да чудна казна избрал некој за Делчев, бркајки го од воената академијата и назначувајќи го како даскал.
Но со што станува познат и останува во историјата Делчев?
Не со своите огромни учителски способности, туку со она за кое години наред бил подготвуван. Сите го паметиме како воен стратег, кој ги создал четите на организацијата, го вовел четничкиот институт, ја направил првата мини фабрика за бомби, го обучувал населението да ракува со оружје и подготвувал вооружено востание.
Но некој требало да го финансира сето тоа, биле потребни огромни средства за неговото движење, за купување оружје и другите активности?
Кој го финансирал, кој му помагал во почетокот логистички, со какви документи се шетал, како влегувал и излегувал од Империјата, тоа ќе го анализираме во иднина.
Зошто бил избран Штип за почетна точка на револуционерната дејност на Делчев? Каков плод родила неговата учителска дејност? Само за момент ќе спомнам дека Штип е револуционерниот инкубатор на Македонија. Тука се семејствата Развигорови, Ковачеви, Александрови- Попорушови, Михајлови и многи други. Штип изобилува со комити и војводи, не за друго, туку бидејќи така ги воспитале нивните даскали Гоце Делчев и Дамјан Груев.
Автор: Тој Бугаринот
