Сомневањата дека инфузиите ја убија Јана не се потврдиле со обдукцијата, адвокатот Митровски бара проверка на болничкиот компјутер поради сомневања за малверзации
Сомневањата дека инфузиите ја убија малата Јана Христовска не се потврдија со обдукцијата. Ова за Макфакс го изјави адвокатот Јанаки кој како полномошник ја добил и направил увид во документацијата.
Како што вели, согласно извештајот на судска медицина причинско последична врска е пневмонија кај девојчето кое го воспалило срцевиот мускул и тоа предизвикало срцев удар кај девојчето.
„Мое тврдење дека е пневмонијата е од наводно прележан ковид во јануари за што немаат конфирмација односно позитивен тест , затоа што има позитивен тест од август 2022 година, додека тие одат на претпоставка дека имала симптоми на ковид, а сите знаеме дека симптомите на ковид се слични на многу состојби“, додава Митровски.
Според него, тужба може да се покрене за надомест на штета, но тоа во овој момент не е во приоритет на семејството.
Митровски, како претставник на родителите предложил да се вештачи и комјутерот во болницата за да се утврди дали се менувале податоци.
„Времето на починување е напишано во 3.20 а родителите тврдат дека во 1.30 веќе не давала знаци на живот а и во отпусното писмо е наведено дека време на смрт е во 1.25 “. Денеска поднесвоме барање да се вештачи компјутерот затоа што како непосредни сведоци тврдат дека на него сме правеле малверзации.
Родителите во сите досегашни изјави во медиумите се изјаснија дека се убедени оти за нивната ќерка пресудна била инфузијата со гликоза, која ѝ била дадена и покрај тоа што крвната слика покажала зголемено ниво на шеќер и оти се работи за лекарска грешка.
Петгодишната Јана почина во битолската болница во март годинава, само неколку часа откога била примена дехидрирана, со повраќање и со оток на очите.