|

Сончево и топло со температури до 31 степен

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Според УХМР, и во сабота ќе се задржи стабилно, а дневната температура ќе биде во благ пораст. Во недела уште од ноќта ќе има услови за краткотраен дожд, а преку денот на повеќе места ќе биде нестабилно со поројни врнежи кои на места ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Повремен пороен дожд со ретки грмежи ќе има во понеделник.

Слични Објави