Спасовски: Македонската полиција повторно во првите борбени редови, овојпат со огнената стихија

/

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека е горд на македонската полиција затоа што покажале силна солидарност со колегите на терен.

„Старата мудрост вели дека на маката се познаваат јунаците. Имајќи ги предвид изминативе два дена можам со чисто срце да кажам дека сум горд на македонската полиција. Таа беше повторно на првите борбени редови, овојпат со огнената стихија, заедно со нашите пожарникари, армијата, шумската полиција, нашите граѓани.Би сакал да изразам посебна благодарност до сите нив, без разлика дали се дел од полициските патроли, од специјалните полициски сили, од граничната полиција, независно од која полициска станица притрчаа на помош, покажувајќи силна солидарност со колегите и со граѓаните … сите беа на висината на задачата! Благодарение на нивната професионалност, изградените вештини, смиреноста и пожртвуваноста успеваме ситуацијата да ја ставиме под контрола. Им благодарам затоа што по којзнае кој пат ја ставија безбедноста и благосостојбата на другите пред сопствените, што покажаа што значи во пракса да се биде во служба на граѓаните, затоа што уште еднаш на дело покажаа дека безбедноста на граѓаните е заеднички приоритет“, посочи Спасовски.



Претходна статија

Тренчовски: Хеликоптери ќе го гасат пожарот кај Пехчево – најавена помош и од Бугарија

Следна статија

Ангелов: Доколку некој е загрозен од пожарот веднаш нека се оддалечи на безбедно

Најново од Вести