Спасовски: Остварена заштеда од 30 проценти електрична енергија за октомври

/

Штедиме заедно денес, за да имаме утре, остварена е заштеда од 30 проценти електрична енергија за октомври годинава, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на официјалниот Фејсбук профил.

Министерот соопшти дека биле инвестирани 500 милиони денари за енергетска ефикасност во објектите, 18.6 милиони денари за промена на стариот начин на греење со нов и 3.5 милиони денари во соларни панели.

Воедно, министерот Спасовски потсети дека биле реконструирани 78 објекти.

Претходна статија

Ковачев: Одобрена е постапката за обновување на Спомен-обележјето на Први и Шести пешадиски полк во Софија

Следна статија

Битиќи го демантира Николовски: Не е точно дека сум контактирал со Онишченко

Најново од Вести