| |

СПЕЦИЈАЛЦИ ГО ЧУВААТ МИЈАЛКОВ ДА НЕ ИЗБЕГА ОД СУДОТ

Маскирани специјалци го пречекаа во Основниот суд Скопје 1 притворениот Сашо Мијалков, кој беше донесен од Шутка на рочиштето за нелегалната набавка на опрема за прислушување за УБК. Тие влегоа и внатре, застанаа пред вратата на судницата во која како јавност внатре беа седум члена на приватното обезбедување на ексдиректорот на УБК Мијалков.  Мијалков утре или в понеделник треба да дојде повторно во судот, зависи кога ќе биде закажана седницата во Апелациониот суд Скопје по жалба против одлуката за притвор. Мијалков побара седницата да биде јавна. Поранешниот директор на УБК беше притворен на 20 ноември, една недела откако Никола Груевски избега во Унгарија.

 



Слични Објави