Специјално за БНТ: Приказната на бесарабски Бугарин заробен од руската армија и ослободен
Бесарабскиот Бугарин Иван Пепељашков е воен пилот на Украинската армија. Поминал 2 месеци како воен заробеник, заробен во 2022 г. од страна на руските трупи. Пепељашков разговара ексклузивно со Теодора Гатева, специјален пратеник на Бугарската национална телевизија во Киев.
Иван Пепељашков: Најнапред да ви се заблагодарам што ме поканивте. На 8 март 2022 г. извршувавме специјална задача со нашите хеликоптери и додека работевме се случи мала пакост — од 4 хеликоптери изгубивме три. Со мојот другар преживеавме, нѐ соборија на непријателска територија и нашата војска не можеше да дојде да ни помогне, па паднавме во рацете на противникот.
БНТ: Можете ли да ни раскажете како беше за време на рускиот плен?
Иван Пепељашков: За 4 години веќе нема тајни што е да си во плен кај Русите — ништо добро, ништо поврзано со Женевската конвенција не се почитува. Што и да можете да си замислите, сѐ е така. Тие имаат голема школа, многу искуство уште од 30-тите години на минатиот век.
БНТ: Колку време бевте кај нив, ве преместуваа ли?
И.П: Да, нѐ преместуваа на различни места, бевме речиси два месеца во плен.
БНТ: Каде беше најтешко?
И.П.: Најтешко беше во околината на Курск.
БНТ: Може ли, да ни раскажете нешто повеќе?
И.П.:Насилство, терор, кршење — физичко и психолошко, извлекување информации, притисок, притисок најмногу психолошки со физички методи. Тешко е да се каже која е нивната цел, со мојот другар Алексеј така и не разбравме каква е нивната цел, бесмислени прашања. Тие велеа — вие сте пилоти, високо летате, сѐ гледате — раскажете сѐ за Украина, каде што има, која е вашата политичка цел. Прашања на стратегиско ниво, кои ние како завртки во еден механизам не можеме да ги знаеме, но тоа воопшто не ги интересираше.
БНТ: Како се случи така што ве пуштија?
И.П.:Постои еден поим — разменски фонд, не знам можеби од минати години, од минати војни за летачите. Кога нѐ заробија можеби нарушиле некој договор дека имаат начин, ред да разменат нивен летач за наш. Нивни летачи беа во плен во Украина. Тоа беше затворено договорено. Колку што знаеме од канцеларијата на претседателот со Главното разузнавачко управување го активираа тој механизам за размена.
БНТ: Како се однесуваа со вас, ви пречеше ли што сте Бугарин?
И.П: Имаше многу прашања, од различни служби, над 7 служби, кои не се поврзани една со друга, постојано испрашуваат. Првото прашање беше националност — отворено велев дека сум Бугарин и тоа за нив беше многу нејасно — зошто, како Бугарин може да војува за Украина? Објаснував дека сум од Одеска област — Бесарабија, каде живеат многу Бугари. Роден сум во Украина, пораснав во Украина и војувам за оваа држава и ја сакам оваа држава. За нив беше многу нејасно како се случило. Во еден момент дури имаше и поврзување со амбасадата на Бугарија за разменскиот фонд, за тоа стануваше збор. Потоа разбраа каде одат работите и размената се случи преку украинската страна.
БНТ: Како ве промени ова преживување?
И.П.: Тоа дека станав друг — тоа е 100%. Тој што бев до 8 март 2022 г. и тој што сум денес — тоа се двајца различни луѓе. Најглавно е односот кон животот, што е прво, што е второ, за што треба да се живее и за што да се троши времето — преоценка.
БНТ: Сега за што го трошите времето?
И.П: За добро, разбирам дека времето може да застане секој момент и не знам кога ќе ме повика Господ горе. Затоа се надевам, сакам да успеам да направам повеќе добро за својата земја, за своите роднини, своите побратими.
БНТ: Што се промени за 4 години во Украина?
И.П.: Секој човек гледа на животот низ свој филтер, мојот филтер сепак е филтер на воено лице, одговарам од воена гледна точка, мислам за фронтот, за линијата на фронтот. Затоа фокусот ми е во тоа насока. Разбирам дека цивилното население има други гледишта, над 90% од времето го поминувам со своите воени другари и разговараме само воени прашања — како да го стабилизираме фронтот, како да си ги вратиме териториите, како да се развиваме во технологиите, за тактика, оперативна уметност и стратегиски цели.
БНТ: Што ќе направите сега, ако сретнете некој од луѓето што ве заробија пред 4 години?
И.П: Многу се радувам на секој момент кога гледам дека има размена на военопленици. Се појавија нови радости, нешта кои порано не беа важни за мене, сега секој момент е важен. Знам што чувствуваат тие што чекаат размена, знам што мислат нивните блиски, без солзи за тоа не можеш да зборуваш. Условите во плен се сурови, тие имаат сериозно искуство, никого нема да можам да препознаам, секогаш беа со маски. Веројатно имаат страв дека тоа може да се случи и мислам дека можат да бидат препознаени и по гласот.
БНТ: Првото што ќе го направите по крајот на војната?
И.П: Тоа што го правам и денес. Немам бариера за себе дека денес е крајот, како што рекол апостол Павле — помагајте си еден на друг. Мислам дека тоа е девизата на денешниот ден.

