| |

ПАУНОВСКИ: НЕКОИ УГОСТИТЕЛИ НА ГОЛЕМО НЕ ГИ ПОЧИТУВААТ МЕРКИТЕ, НО НЕ Е САМО ДО НИВ

Одредена група угостители на големо ги имаа пречекорено мерките за заштита од Ковид-19, вели за МИА, директорот на Пазарна инспекција, Стојко Пауновски. Заради овие причини инспекторите на Пазарна инспекција, како и во изминатиот период и во претстојните денови ќе вршат контроли низ цела држава.

„Некогаш не е до самите газди, туку и до совеста на гостите. Менталитетот балкански е таков, стануваат, скокаат. Моментно на терен се 12 групи инспектори. Значи, контроли ќе се вршат  и во текот на денот. Претходно кривични пријави поднесовме за неколку угостителски објекти во Струга и Скопје.  Пречекорување на работно време и непочитување на протоколите за Ковид-19 се едни од причините за изрекување на овие пријави, изјави Пауновски за МИА.

Во меѓувреме Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 1.831 тестирање, а регистрирани се 243 нови случаи на COVID-19.

По градови:

  • Скопје 98
  • Куманово 11
  • Штип 7
  • Прилеп 12
  • Тетово 2
  • Струга 9
  • Велес 3
  • Битола 5
  • Охрид 5
  • Кавадарци 4
  • Гостивар 5
  • Гевгелија 5
  • Струмица 21
  • Крива Паланка 2
  • Радовиш 9
  • Кочани 11
  • Пробиштип 1
  • Демир Хисар 1
  • Берово 9
  • Валандово 4
  • Виница 2
  • Делчево 2
  • Свети Николе 12
  • Кичево 1
  • Неготино 2

Починати се 4 лица, пациент од Прилеп (65г.), од Битола (82г.), и двајца од Куманово (72 и 80г.). Три пациенти се починати во болница, еден вон болнички.

Слични Објави