| |

СПОМЕНИК НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ЌЕ БИДЕ ОТКРИЕН ВО БУГАРСКИОТ ГРАД САМОКОВ-ПОКАНИ ДОБИЈА И ПРЕМИЕРИТЕ БОРИСОВ И ЗАЕВ

Со воени почести и гардиска стража денеска во бугарскиот град Самоков ќе биде откриен споменик на Гоце Делчев. Настанот ќе започне во 17:30 локално време, а на него ќе бидат присутни министерот за одбрана на Р. Бугарија, Красимир Каракачанов, градоначалникот на Самоков, пратеници во бугарскиот парламент, делегација на Македонскиот научен институт, заменикот управител на Софиска област, членови на Здружението на бугарските родови во Македонија и др.

Покани за настанот се испратени и до премиерите на Бугарија и Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев.

„Ликот на Гоце Делчев има огромна улога во историски и духовен план за граѓаните на двете соседни земји. Денеска повеќе од кога и да било Гоце треба да служи како обединувачка фигура за луѓето од Република Бугарија и Република С Македонија“, стои во поканите испратени до Заев и Борисов од иницијативниот одбор.

Иницијативата за поставувањето на овој меморијален знак посветен на Гоце Делчев е на ВМРО и локалната власт во Самоков.

Слични Објави