| |

СПРЕЧЕНО КРИУМЧАРЕЊЕТО НА 43 МИГРАНТИ ОД АВГАНИСТАН, ПАКИСТАН И ИРАК

Вчера патрола од полициската станица за граничен надзор Сопот го спречила криумчарењето на 43 лица мигранти од Пакистан, Ирак и Авганистан кои се наоѓале во товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски таблички. Меѓу мигрантите имало и 8 малолетни лица. Возачот Е.А. е уапсен кај селото Пуковско (Свети Николе) и од страна на судија по претходна постапка му е одреден притвор во траење од 30 дена. Мигрантите се пренесени во Транзитниот центар Табановце.



Слични Објави