СРЕДБА НА АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ СО АМБАСАДОРОТ НА Р. АВСТРИЈА ВО Р. МАКЕДОНИЈА, РЕНАТЕ КОБЛЕР

//

Денеска, заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Андреј Жерновски оствари средба со амбасадорот на Република Австрија во Република Македонија, Ренате Коблер.

Соговорниците ја потврдија одличната билатерална соработка помеѓу Република Македонија и Република Австрија, со акцент на гласната и активна поддршка на Австрија кон евроинтегративниот пат на нашата земја со надеж дека Република Македонија ќе ги отпочне пристапните преговори со Унијата за време на претстојното австриско претседавање со истата, односно од јули 2018 година.

Заменик министерот Жерновски информираше за приоритетните реформски активности на Владата, како и за преземените активности насочени кон добивање на конкретен датум за отпочнување на преговорите со Европската Унија.



Амбасадорката Коблер ја потврди континуираната активна и гласна поддршка кон Република Македонија во насока на остварување на амбициите на Република Македонија за членство во Европската Унија и изрази надеж дека Македонија ќе ги отпочне преговорите со Унијата на претстојниот Самит на Европската Унија. Го поздрави брзиот напредок на македонската Влада во спроведувањето на потребните реформи и преземените активности за решавање на билатералните прашања со соседите.



Претходна статија

ВЛАДАТА ГИ ЗГОЛЕМУВА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ДОМАТИ ОД 3 НА 7 ДЕНАРИ

Следна статија

15 ИДЕИ ЗА ЗАБАВНИ СЛИКИ (ГАЛЕРИЈА)

Најново од Вести

Историскиот музеј во Благоевград ќе претстави две монографии, за ВМРО и за улогата на активните жени во бугарските заедници во Македонија и Одринска Тракија

Во Регионалниот историски музеј – Благоевград денеска ќе бидат претставени две монографии на д-р Елена Александрова,