СТЕФ КАРИ СЕ ВРАЌА НА ТЕРЕНОТ В НЕДЕЛА ПРОТИВ ВАШИНГТОН

/

Голден Стејт се надева дека ќе успее да се извлече од дното во НБА-лигата со враќањето на Стеф Кари во тимот.

Најдобриот кошаркар на Вориорс се рехабилитираше од повредата на раката. Мораше да оди на две операции, а му беше оштетен и нерв. Рехабилитацијата воопшто не беше лесна за плејмејкерот.

Кари сезонава одигра само четири натпревари, пред да заработи скршеница на раката, а со оглед на фактот дека и Клеј Томсон цела сезона е во аут поради скинати лигаменти на коленото, не е случајно што тимот се наоѓа на последната позиција на Западната конференција, а всушнот е и најслабиот тим во лигата со само 12 победи.

Суперѕвездата би требало да има кам-бек проти Вашинтон во недела, но неговата минутажа ќе биде лимитирана. Тимот не сака да ризикува ништо, бидејќи и онака нема шанси за плеј-офот. На последните 22 натпревари од регуларниот дел од сезоната, Вориорс ќе се обидат само да ги воиграат Стеф Кари и Ендри Вигинс, кој пред неколку недели дојде од Минесота.



Извор: Спорт1



Претходна статија

ВО ИТАЛИЈА ЗАРАЗЕНИ ПЕТ ДЕЦА, ВО АВСТРИЈА ПОЧИНА ИТАЛИЈАНСКА ТУРИСТКА

Следна статија

РУСКОВСКА ГО ЦИТИРА ДЕЛЧЕВ, А ВЕЛЈАНОВСКИ, ЈАНАКИЕСКИ, РИСТОВСКИ И АТАНАСОВСКИ НЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ВИНОВНИ ЗА 27 АПРИЛ

Најново од Вести