| |

Тахов: Бугарија направи чекор напред кон ОЕСР

Бугарија направи значaeн чекор кон полноправно членство во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕСР), откако успешно го заврши последното преслушување во Комитетот за земјоделство, јавува БГНЕС.

„Работата на две трети од темите за наше приклучување е завршена“, изјави министерот за земјоделство Георги Тахов во интервју за бугарската телевизија бТВ.

Со ова, Бугарија има реални шанси да стане полноправен член на организацијата до крајот на оваа година или почетокот на следната.

ОЕСР е меѓународна организација во која членуваат 38 земји, главно меѓу најразвитите економии во светот. Членството ќе ја засили меѓународната позиција на Бугарија и ќе и овозможи поголема економска интеграција.

„Се движиме паралелно со Хрватска, дури и имаме мала предност. Во моментов, можеме да се наречеме водечка земја во процесот“, додаде Тахов.

Слични Објави