СТЕФАНОВА: СЕ ШТО ЗНАМ СПОДЕЛИВ СО НАДЛЕЖНИОТ ОБВИНИТЕЛ

//

Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова по петчасовниот распит во Обвинителството за организиран криминал, изјави дека со надлежниот обвинител споделила се што и е познато за случаите „Империја“ и „Рекет“, јавува Независен.

– Свесна сум свесна за интересот на јавноста за истрагата за „Рекет“ и за сите допирни точки со истрагата за „Империја“ каде јас сум предметен јавен обвинител, а сведок од истрагата „Рекет“ е првооомничен во истаргата Империја“. Се што можев да споделам со јавноста јас го споделив во даденото соопштение во петокот. Денеска дојдов овде во својство на сведок. Околу пет часа давав исказ како сведок и се што ми е познато за овој случај го изнесов пред надлежниот јавен обвинител. Имајќи го предвид мојот статус на сведок и тајноста на истрагата не можам да кажам нешто друго од она што веќе го имам споделено, изјави Стефанова на излегување од Обвинителството.





Претходна статија

БЕЏЕТИ: ЗАЕВ МИ ВРШЕШЕ ПРИТИСОК ДА ВЛИЈААМ НА ЧЛЕНОВИ НА СУДСКИОТ СОВЕТ

Следна статија

ВЛАДАТА СО ОПЕРАТИВЕН ТИМ ЌЕ СЕ БОРИ ПРОТИВ КРИМИНАЛОТ И КОРУПЦИЈАТА

Најново од Вести