Стоилковски: Ангажманот Хоџа во Владата е срам и понижување за државата и за граѓаните, а особено за припадниците на безбедносните сили

Вести Истакнато Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ: 

Ангажманот на политичкиот истомисленик на Зоран Заев, Џезаир Шаќири Хоџа на висока функција во Владата е срам и понижување и за државата и за граѓаните, а особено за припадниците на безбедносните сили. Неговиот договор мора да биде раскинат!

Денес се навршуваат три години од крвавата битка на македонските безбедносни сили со терористичката група во кумановската населба „Тоде Мендол“. Македонија во таа битка во Диво Насеље загуби 8 полициски животи, а ранети беа 37 полициски службеници.

Сеќавањата на 9 и 10 мај се врежани во колективната меморија на државата. Тие сеќавањата се болни. Но, уште поболно е што, денес Советникот за безбедност на премиерот, Џезаир Шаќири, познат како Командант Хоџа, поставен токму од Зоран Заев, ги слави своите другари терористи и вели дека е горд што тие „елиминирале 10 отсто од најсилната полициска единица во Македонија“.

Почитувани,

Зоран Заев за свој советник за безбедност и борба со екстремизмот поставува човек кој го слави тероризмот и радикализмот. За свој советник именува човек кој ги слави токму екстремистите кои убиваа полициски службеници. Советникот на Заев ги слави оние кои беа подготвувани за урбан тероризам со многу цивилни жртви.

Почитувани,

Зоран Заев вчера ги понижи и полициските специјалци, прославувајќи го еден од најтажните денови во новата македонска историја заедно со Рамуш Харадинај на Косово. Наместо да биде со семејствата на загинатите херои, Заев отиде на 9 мај на Косово чија што влада финансиски ги помогна семејствата на терористите кои убиваа во Диво Насеље.

Зоран Заев не смее со било какви измислици за меѓународни истраги да се обидува да ги ослободи терористите. Зоран Заев не смее да плаќа со пари на граѓаните советници кои ликуваат на погибијата на македонските херои.

Ова лудило мора да запре. Договорот за ангажирање на Џезаир Шаќири Хоџа за советник мора да биде раскинат!