| |

Столтенберг: Косовските сили добија засилување со баталјони од Бугарија, Романија и Велика Британија

Како одговор на последната ескалација на тензиите во Косово, Северноатлантската алијанса ги засили своите трупи во последните недели со стотици војници, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, цитиран од Нова ТВ, пренесува Фактор.

Тој додаде дека засилувањето го сочинуваат баталјони од Романија и Бугарија, покрај оној што претходно го испрати Велика Британија.

„Организиравме голем број патроли во северниот дел на Косово. Ова се разумни чекори за да се осигура дека КФОР непристрасно го извршува својот мандат. Белград и Приштина мора да се однесуваат одговорно, да се воздржат од дестабилизирачки активности и да се вратат на дијалогот. Ова е единствениот начин да се постигне траен мир на Косово“, рече Столтенберг.

„Зголеменото присуство на силите на НАТО ги поддржува политичките напори на ЕУ и добро е да се види дека во такви тешки и предизвикувачки времиња за Косово, Западен Балкан, Босна… ЕУ и НАТО работат заедно“, истакна Столтенберг.



Слични Објави