| |

УДРИЛА ВО ЧЕТИРИ ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА, СО ПОВРЕДИ ПРЕНЕСЕНА ВО БОЛНИЦА

На 18.01.2021 во 20.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓурчин Кокале“, во Скопје, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(35) од Скопје, удрило во неколку паркирани патнички возила – „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Ј.(33), „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.Н.(28), „шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Л.И.(63) и „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.И.(32), сите од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.  Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. 

Слични Објави