|

Студентите бараат зголемување на субвенционираниот оброк на 150 денари во 2026

Националното студентско тело побара од Министерството за образование и наука субвенционираниот студентски оброк да се зголеми од 140 на 150 денари од 2026 година. Во барањето тие потсетуваат дека законот предвидува износот да се усогласува со инфлацијата пред носењето на државниот буџет.

Претседавачот Александар Николовски истакна дека според проекциите на НБРМ и ММФ, инфлацијата во 2024 и 2025 ќе изнесува околу 3–3,5%, поради што зголемувањето од 10 денари е неопходно за олеснување на финансискиот товар на студентите и создавање подобри услови за студирање.

Министерката за образование Весна Јаневска, пак, изјави дека моментално не може да гарантира зголемување бидејќи тоа зависи од државниот буџет, но додаде дека ќе се залага за подобри услови за студентите.

Субвенционираниот оброк беше воведен во 2020 година, а во 2023 Собранието усвои измени со кои неговата вредност се усогласува со инфлацијата.



Слични Објави